Збор на основачот
Од Срце е проект кој е од уникатен тип во регионот. Преку овој проект сакаме да допреме до срцата на сите оние кои им е најпотребна нашата хуманост.
Уникатниот пристап на проектот Од Срце – да им пружа еднаква шанса на сите, нуди повеќе различни можности за донирање, ги информира донаторите и институциите за состојбата во моментот, го прави овој проект единствен.
Со креирањето на овој проект, кој овозможува на секој што сака да донира за да помогне да го стори тоа веднаш а притоа да разгледа и одбере помеѓу многуте опции кои ги нудиме, целиме да ја вратиме довербата меѓу донаторите.
Целта е да се унифицира местото каде ќе бидат објавени сите оние на кои им е потребна помош а тоа пак доведува до полесен пренос на информацијата према донаторите и сите оние кои би сакале да пружат помош.
Ова е проект за кој се вложувам во целост. Проект од кој никогаш нема да се откажам.
Би сакал да се заблагодарам на секој кој на било кој начин придонесува за да овој проект успее.
Мартин Теновски
- Основач на Aequalitas Social и Од Срце